Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми.
Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе ДПА.
Австралиската телевизија Еј-Би-Си информира за „поплави на невидени нивоа“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покриви среде обилни дождови и силни ветрови, придружени со ниски температури.
Локалните власти соопштија дека околу 1.600 лица од итните служби биле распоредени за да помогнат во спасувачките напори.
Некои жители ја поминаа ноќта заглавени на покриви среде надојдените води.
МИА












