ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛАДНЕ ВО ДОЖД, ВЕТЕР И ГРМЕЖИ

Утрово 1 степен во Лазарополе, 3 Берово, 4 Охрид, 5 Попова Шапка, Маврови Анови, Претор,  Битола, 6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Струмица, Крушево, 7 Прилеп, 8 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Дојран, 9 Виница, 10 Штип, 12 Демир Капија.  

Во текот на ноќта и утринава во поголемиот дел од земјата облачноста се намали. Утринава во поголем дел од земјава е ведро, во западните делови со мала до умерена облачност. Дуваше слаб претежно јужен ветер.

Денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и ситен град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена. Во Битола до 21 степен.