На денешната централна манифестација по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание, која се одржа во Прилеп, присуствуваше и претседателот на Сенатот на битолскиот универзитет, Проф. д-р Филип Поповски.

„Денес и универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола се приклучи на прославата на 11-ти Октомври-Денот на народното востание, кога пукна првата пушка во Прилеп, местото каде што пред 101 година започна со работа првата единица на современиот универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола и тоа единицата за тутун во Прилеп. Затоа ние ќе ја продолжиме борбата за нашата слобода, меѓутоа не со пушки, туку со наука и едукација“ рече професорот Поповски.

На централната манифестација како што веќе информиравме се обрати премиерот Христијан Мицкоски, а присутни беа голем број министри од Владата.














