ТЕРА

REKLAMA???

ПОСТХУМНО ОБЈАВЕНА КНИГАТА „ТЕШКОТО“ НА ВЛАДИМИР КОСТОВ

Издавачката куќа “Матица македонска” постхумно ја објави книгата “Тешкото” на битолчанецот Владимир Костов кој почина на 3-ти Јануари годинава. Во книгата се објавени 24 раскази меѓу кои и насловниот “Тешкото”.

Прозата на Владимир Костов е одраз на нашиот живот, проткаен со мноштво противречности: економски, социјални, политички, етички. Низ призмата на реалните состојби, писателот го модифицира естетското начело исполнето со уверливи пораки. Писателот Владимир Костов, минатата година одбележа два јубилеИ: 90 години од раѓањето и 60 години од објавувањето на првите прозни текстови. 

Книгата „Тешкото“,е прекрасен дар за неговите бројни и верни читатели. Насловот е парафраза на антологиската песна од бардот на македонската поезија и кодификатор на македонскиот јазик, Блаже Конески. На книжевната сцена во Македонија дебитира со романот „Лица со маски“ во 1966 година.  Подоцна ги објавува романите „Свадбата на Мара“, „Учителот“, „Нов ум“, „Црквичето Четириесет маченици“, „Игра“ (раскази), „Грешниот Захарија“ (новели), „Тестамент“ (новели) кои го свртеа вниманието кон книжевната критика и есеистика, а истовремено е окупиран и читателскиот аудиториум. Неговиот роман „Свадбата на Мара“ (1968) како театарска претстава (1977) во изведба на Народниот Театрар Битола беше изведувана скоро на сите театарски сцени низ поранечна Југославија, како во Сараево, Стериино Позорје во Нови Сад, Дубровнички летни игри и др.

Покрај свадбата на мара и “Црквичето 40 маченици во Битола” и “Грешниот Захарија” беа поставени на сцената на Народниот театар во Битола.

Останати попознати романи се: Битолски триод, Сениште во град Битола, Тане, Дива мисла. Во 1977 година станува член на Друштвото за наука и уметност во Битола, во 1983 година член на Друштвото на писателите на Македонија, a од 1988 година член е и на Асоцијацијата на независните писатели на Македонија. Автор е на 17 романи, на седум збирки со раскази и на десет книги за деца и млади. За овој писател, покрај неколкуте литературни и општествени признанија што ги има добиено за романите и расказите, најголема награда е, секако, верноста и наклонетоста на читателите.