ТЕРА

REKLAMA???

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ И ЗА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА

Денеска потпишан Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д. Договорот е потпишан со компанијата „IRD ENGINEERING”. 

Со потпишувањето на овој Договор, отпочнуваат активностите за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10-Д за делницата на автопатот Прилеп-Битола.

„Со потпишувањето на овој Договор, продолжуваме да ја зацврстуваме нашата определба како Влада дека автопатските делници, патиштата и инфраструктурата во нашата држава се еден од главните приоритети на кои ќе продолжиме да се фокусираме и годинава”, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
 
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, посочи дека инфраструктурата е врвен приоритет на оваа Влада, а потпишувањето на овој Договор е уште еден доказ дека Македонија останува на вистинскиот правец за европска модерна држава.

„Од денеска па во наредниот период, работната група во соработка со консултантот, кој истовремено е и надзор, ќе го започнат преговарачкиот процес со изведувачот „Бехтел” и „Енка” со цел да се постигне квалитетен договор за изградба на преку 120 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д. Веќе напролет очекуваме да ја почнеме силната градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8″, рече министерот Бочварски.

На настанот присуствуваа и имаа обраќање и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering”, Паоло Орсини.