ТЕРА

REKLAMA???

Потребни ли се гробишта за домашни миленици во Битола?

Потребни ли се гробишта за домашни миленици во Битола?

Прашањето се наметна откако им е дадена можноста на Општините во Македонија да градат гробишта за домашни миленици.

Ова според надлежните значи решавање на проблемот и крај на праксата по угинувањето, труповите на домашните миленици да се фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации, велат од Министерството за локална самоуправа.

Ги прашавме граѓаните дали во Битола треба да се изградат гробишта за домашни миленици?

 

„Гробишта за домашни миленици треба да има, само да бидат на соодветно место. Треба да се води сметка за бездомните кучиња. Да не се оставаат кучињата низ улици да шетаат. Да има гробишта посебни за миленичињата, како што е во западните земји“, велат граѓаните.

Сега претстои  дефинирање на локации во општините за нивната изградба а според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, во предлог законските измени веќе се инкорпорирани забелешките и предлозите кои ги дадоа здруженијата за заштита и благосостојба на животните, а во предвид ќе се земат и предлозите на општините.

Според активистите, ретки се оние што можат да ги закопаат милениците во својот двор, а повеќето за оваа цел ги избираат перифериите на градот или некаде во природа.

Во земјите од  нашето соседство  вакви гробишта нема.

Во западните земји, пак, милениците се кремираат, а гробишта за миленици има во Австрија, Унгарија, Италија, Германија, Франција, Белгија, Велика Британија, каде што има и специјална погребна опрема.