ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧИНА Д-Р МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ

Невропсихијатарот д-р Методи Чепреганов почина денеска на 86 години по кратко боледување, соопшти болницата „Неуромедика“, каде што работеше над 20 години.

„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов.

Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години. Вечна му слава!“ стои во објавата на болницата.

Во 1962 година дипломираше на Медицински факултет – Скопје, потоа во 1968 година Специјализација по невропсихијатрија на Медицински факултет – Скопје. 1972-1973 година Постдипломски субспецијалистички студии во Белгија во Клиниката за Електроенцефалографија;
1974-1975 год. Специјалистички студии по Клиничка Електроенцефалографија во лабораторија и епилептологија LENA во Париз, Франција;
1978 год. Стручно доусовршување за компјутерска томографија во Белгија и Англија;
1994-1996 год. Субспецијализација по анатамна морфологија (компјутерска томографија и магнетна резонанца).

Од 1969 година работеше на Клиника за нервни и душевни болести при Медицински факултет – Скопје. Повеќе од 25 години учествувал во наставата како професор одржувајќи предавања од областа на Неврологијата и психијатрија со медицинска психологија на студентите на Медицинскиот факултет – Скопје, а од 2006 година почна да работи во Болница Неуромедика.

Објавил над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата меѓу кои издвојуваме: Imagerie des épilepsies, Paris 1996; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2006; Neuro-imagerie diagnostique-Еpilepsies Paris, 2007; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2012. Учествувал на бројни европски и конгреси.

Член на Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција.
Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.