ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧНА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ПАТОТ БИТОЛА-МЕЏИТЛИЈА

Почна рехабилитацијата на патниот правец од Битола до Меџитлија. Денеска увид во градежните активности направија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Владата преку Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта и оваа година продолжи со историски најголемиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната мрежа насекаде низ земјата, изјави министерот Благој Бочварски на граничниот премин Меџитлија каде се врши рехабилитација на државниот патен правец Битола-Меџитлија.

„Инвестираме преку милијарда евра за да изградиме квалитетни патишта, да ја развиеме економијата, на граѓаните да им овозможиме брз и безбеден сообраќај, а притоа земјата да ја поврземе преку модерни патишта во регионот, како показател дека сме силно фокусирани на европската перспектива.Ова особено важи за Пелгонискиот регион. Знаеме колку е важно патното поврзување и добрата инфраструктура за жителите на Пелагонија особено со квалитетно  поврзување со централниот дел од земјата како и со соседна Грција. Денеска не зборуваме за алтернативни правци, говориме за патишта кои ја наметнуваат потребата да бидат модернизирани или пак да  се изградат нови  пред се заради економски развој на Пелагонија. Овој патен правец од Битола до граничниот премин Меџитлија е токму таков. Инвестираме преку 200 милиони денари за овој патен правец да го издигнеме на ниво на модерен, безбеден и пред се пат кој ќе биде во функција на бизнисот и граѓаните од регионот. Ако земеме во предвид дека ова е пат кој не поврзува со Република Грција како единствена меѓународна патна врска во овој регион, тогаш значењето е уште поголемо бидејки истиот е дел и од европскиот коридор 10 д.  Започнавме со една пракса на терен на лице место да ги  координираме активностите и еве денеска овде се сретнавме со  претставници на компаниите изведувач и со надзорот со кои разговарме за динамиката со која се одвиваат градежните работи.  Се работи со полн интензитет и очекувам роковите да бидат запазени“, изјави министерот Бочварски.  

Рехабилитацијата се одвива со средства обезбедени од ЕБОР во висина од 3,27 милиони евра, а се рехабилитираат вкупно 12,5 километри. Ширината на оваа делница е променлива и се движи од 6 до 6.5 метри, рече директорот на јп за државни патишта.

„Завршени се подготвителните работи, а во моментов се врши гребење на асфалтот во правец од граничниот премин Меџитлија кон Битола. Предвидениот рок за извршување на градежните работи е до крајот на јули, но од тоа што го слушавме и од надзорот и од инженерот дека треба дополнително да се гледа за рехабилитациите на тие мостови и можеби ќе излезат и некои дополнителни работи, ние очекуваме до крајот на јули евентуално до септември овај пат да биде завршен и очекуваме брза и квалитетна реализација“, изјави директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми.

Ќе се гради и експресен пат од Битола до Меџитлија

„Би сакал да ја искористам приликата да напоменам дека паралелно со рехабилитацијата на овој магистрален пат, работиме на документацијата за изградба на комплетно нов експресен пат од Битола до Меџитлија со што дополнително би се подигнале условите за сообраќај и би дал дополнителен бенефит за сите. Како што веќе напоменав, Пелагонискиот регион е многу значаен за нашата земја, и овде вложуваме сериозни финансиски средства и сме силно концентрирани во реализација на квалитетни проекти. Децении наназад ги слушаме барањата на бизнис секторот од овој регион за подобра инфраструктура. Можам слободно да најавам дека оваа Влада покажа храброст  слушајќи ги барањата на граѓаните и веќе следниот месец го започнуваме најголемиот капитален проект за Пелагонија а тоа е изградбата на автопатската делница од Прилеп до Битола како дел од пакетот изградба на автопатските делници на коридор 8 и 10 д.  Ова е најголемиот, најзначајниот  капитален проект и ние како министерство заедно со ЈП за државни патишта сме силно сконцентрирани за навремена реализација и изгардба на оваа автопатска делница“, рече Бочварски.

Во овај регион инвестициите само во патната мрежа се околу 320 милиони евра потенцираше Бочварски.