Утре наутро (27 октомври), почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад.
Времето во 3:00 часот, ќе биде 2:00 часот.
Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути повеќе за спиење, но и порано ќе се стемнува во вечерните часови поради приближувањето на зимската краткоденица.
Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2025 година. Ноќта од 29-ти кон 30-ти март го поместуваме часовникот за еден час нанапред и се враќаме на летното сметање на времето












