По реконструкцијата на дрвениот мост кај населбата Јенимаале, јавното претпријатие „Нискоградба“ продолжи со другите мостови, а што е согласно програмата со општината.
Сега се реконструира железниот мост кај рибарниците чија подлога е дрвена, а во договорот вреден 1,2 милиони денари влезена е реконструкција и на други мостови.














