Битолска „Нискоградба“ информира дека спортските реквизити кои беа поставени во новиот парк во Нова Битола, се времено демонтирани од страна на КЈП ,,Нискоградба” Битола и истите се наоѓаат во нивниот стопански двор.

„Демонтажата е извршена заради поставување на подни гумени плочки. По поставување на подни гумени плочки, спортските реквизити ќе бидат вратени на постоечката локација“ стои во информацијата од јавното претпријатие.

Претходно бевме прашани, а ние прашавме во општината што е со спортскиоте реквизите од овој парк.













