Битола повторно е домаќин на млади талентирани уметници кои ќе ја сликаат битолската, охридската и архитектурата на Св. Јован Бигорски.

По 44 пат Битола ќе биде инспирација за млади ликовни таленти кои не само што ќе ја нацртаат, туку и ќе ја запаметат како место кадешто го изразиле својот талент и за тоа биле вреднувани. Свеченото отворање на Малиот Битолски Монмартр традиционално е токму тоа – илјадници натпреварувачи испраќаат свои дела, амбасадорите и почесните конзули во Македонија им помагаат нивните слики да стигнат до адресата на битолската ликовна колонија за млади таленти, а меѓународно жири ги оценува и ги наградува. Стартот, според Славчо Неделковски, исполнет со мноштво симболи како знак.
Што мислат за Малиот Битолски Монмартр ?
Ширли Сигал, од Израел, не е првпат овде со своја група млади ликовни уметници. Овојпат групата што ја предводи има двајца ученици со нивните родители и еден истражувач публицист којшто работи на академски труд за овој натпревар што ќе го објави во професионален журнал.
Инг е наставничка по ликовно од Малезија и со неа носи три ученика. За неа е многу значајно учеството овде – тоа е вистински исчекор во кариерата за која се определила, ни повеќе ниту помалку пред десетина години, токму овде во Битола, на МБМ.
Што мислат за Малиот Битолски Монмартр ?

„Мислам дека е многу важен проект, спојува деца ученици па и возрасни, нивните наставници и овозможува тие да се запознаат меѓусебе на начин на кој само уметноста може тоа да го направи – медијација, без политика, само љубов кон уметноста, боите, љубов за животот.“-вели Сигал.
Побарав објаснување Зошто е тоа важно, што нема политика. Израел и Македонија ние живееме со политиката?
„За жал вие сте во право“, вели израелската наставничка, „но, кога ја тргнувате политиката настратна од играта , одеднаш имате толку многу да зборувате, да зборувате за навистина важните работи во нашите животи.“

Инг пак вели „Бев овде пред 10 години и сега како наставник носам ученици, се чувствува неверојатно убаво , толку е добро да се биде овде. “
Прашав што мисли за ваквиот вид на ликовна колонија, за ученици , а таа рече:
„Мислам дека ова е одлична сцена за нив да го покажат својот талент. Ова е прекрасно место младите од целиот свет меѓусебно да комуницираат, да стекнат пријатели и да го изразат својот артистички стил.“

Ова го повтори и потврди и градоначалникот Тони Коњановски кој ја отвори манифестацијата.
„Ова еманифестација која со децении наназад ја збогатува културната мапа на Битола и не е само фестивал на детското цртаање, детската уметност.“ – зборуваше во својот говор градоначалникот.
Подготовката трае цела година, вели Неделковски, за да изгледа вака професионално.
Посебен е процесот и на оценка на делата, па и доделените награди.

Годинава наградата за поддршка и развој на младите таленти ја добија наставниците од Црна Гора, Турција и Словачка, Наградата „Светлана Вешиќ-Ралевиќ“ за извонреден педагошки пристап ја доби процфесорка од Босна и Херцеговина, а нградата Коста Хаџи Антоновски за глобална промоција на младинската ликовна уметност оти во рацете на професорката Рузмира Бекирај од националниот кулутрен центар за деца од Тирана, Албанија.
Специјална награда „Златна четка“ за извонредна колекција (2024–2025): отиде во рацете на ликовните студија од Хонг Конг, Кина , Малезија и од Ахмедабад, Индија
Специјална награда „Чувар на наследството на Коста“ за исклучителен придонес (2024–025): е во рацете на Maria Dima – Букурешт – Романија, Специјална награда „Проф. д-р Богомил Карлаварис“ за животно дело на професорката Shirley Siegal – Lapid – Израел Гран При 2025 – за најдобра школа и најдобра колекција доби професор Veysel Acar – „Veysel Acar Atolyesi“ – Трабзон, Турција

Колонијата ќе трае до 30 мај и ќе опфати креативно сликање на староградската битолска архитектура, како и еднодневни ликовни посети на Охрид и манастирот Свети Јован Бигорски.












