ТЕРА

REKLAMA???

ПРАВНА РАМКА СО ЈАСНИ ПРАВИЛА ЗА ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИТЕ

Владата на 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Во соопштението од Владата се вели дека предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација.

Неодамна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за радио Слободна Европа рече дека Регистарот на онлајн медиуми ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуални медиумски услуги.

„И условот е во моментот како што е напишан условот, е да еден медиум има најмалку тројца вработени за да може да се регистрира во тој регистар и секако да има македонски домен и импресум, во кој што точно се наведени кои се одговорните лица кои што се во медиумот. И мислам дека тоа е еден низок праг кој што може да се достигне од најголемиот дел од медиумите, од онлајн медиумите во државата и без проблем тие ќе се регистрираат во Агенцијата“ одговори министерот.