ТЕРА

REKLAMA???

ПРАЗНИК НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО БИТОЛА

По повод одбележувањето на Празникот на Франкофонијата  во Битола, во големата сала на Центарот за култура, Француската Алијанса во соработка со основните и средните училишта каде што се изучува францускиот јазик, го организираа настанот „Франкофонијата е КУЛ“. На приредбата  учествуваа голем број ученици од основните училишта  „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“,  „Даме Груев“ и „Св. Климент Охридски“ што се дел од проектот за сензибилизација за изучување француски јазик што Француската Амбасада и Францускиот Институт во Скопје го реализираат  во нашата земја, како и ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“  и Француската Алијанса.

На приредбата  присуствуваа Амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер и неговите соработници, градоначалникот на Битола ТониКоњановски, почесниот конзул Калиопа  Стилиновиќ и бројни други гости.

По завршувањето на приредбата, беше организиран коктел во Француската Алијанса .

Просториите на Алијансата беа реновирани и опремени со современа аудио-визуелна и информатичка опрема.  По тој повод се инаугурираа и муралите нацртани од ученици од СОУ “Таки Даскало” Битола. Меѓународната организација на Франкофонијата е една од најголемите меѓународни организации во светот, со вкупно 68 држави и влади членки распространети на петте континенти.

Република Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата од септември, 2006-та година, статус стекнат за време на Самитот на Франкофонијата во Букурешт.  – Местото кое го ужива Франкофонијата во Република Македонија се должи на историската поврзаност со францускиот јазик, литература и култура, како и на вредностите што ги застапува оваа меѓународна организација – мирот, демократијата, човековите права, образованието, науката и истражувањето, афирмацијата и заштитата на културната и јазичната разновидност, солидарноста и рамномерниот и одржлив развој, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

На 20-ти март секоја година, Франкофоните го слават Меѓународниот ден на Франкофонијата посветен на францускиот јазик кој го зборуваат 200 милиони луѓе ширум светот.