ТЕРА

REKLAMA???

ПРАШАВМЕ ЗА НИВНИОТ КАНДИДАТ, НИКОЛОВСКИ ТРИ ПАТИ СЕ ВРАЌАШЕ НА КОЊАНОВСКИ

Како Николовски ја коментира изјавата на нивниот претседател Венко Филипче за тоа дека имало случаи на советници кои соработивале со градоначалници од ВМРО ДПМНЕ, за лични интереси.

„Сигурно штом дал таква изјава има некакви сознанија, а од аспект на тоа јас сум сигурен дека немам никаква соработка со ВМРО ДПМНЕ и сметам дека тоа не се однесува на мене како советник“ вели советникот и координатор на СДСМ, Петар Николовски.

Прашавме дали му посака успешна кампања на Коњановски, а тој вели дека како човек го почитувал многу, а како кандидат за градоначалник вели дека ја изневерил довербата на граѓаните изминатите четири години.

„Ветуваше брда и долини дека ќе се случат во Општина Битола и еве сме во последната година од неговиот мандат и гледаме дека има дури 65 проценти од граѓаните не се задоволни и очигледно е дека на следните локални избори Тони Коњаноски ќе го доживее поразот“ вели Николовски.

Уште два пати го прашавме дали тие имаат кандидат и до каде се со тој процес, Николовски се враќаше на темата со процентите за Коњановски.