ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА НА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА

На денешната седница на Собрание ќе се најде и предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, и двата по скратена постапка.

Според премиерот Христијан Мицкоски, се работи за законско решение со кое ќе се обезбедат средства што ќе се наменат за стопанството и за општините. Мицкоски рече дека во законското решение е содржано сето она што претходно било кажано за заемот, односно дека заемот ќе биде со каматна стапка од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата.

СДСМ побараа да се повлече законот и тој да се носи во редовна постапка и да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија.