ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА КАМЧАТКА

Институтот за вулканологија на Руската академија на науките предупреди дека на полуостровот Камчатка во рок од 24 часа можен е нов земјотрес со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала.

Руските државни медиуми јавуваат дека вулканот Шивелуч еруптирал по земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди источниот брег на Русија. Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град Петропавловск-Камчатски, кој има околу 180.000 жители, пишува Си-Ен-Ен.

Полуостровот Камчатка е едно од сеизмички најактивните области во светот поради дејството на пацифичките и северноамериканските тектонски плочи.

МИА