Кој ќе ги пополни овие места и како ќе изгледа новиот состав на Советот на Општина Битола, од партиите засега молк, оти како што велат имало време до крајниот рок за доставување до изборната комисија.
Ако до пред некое време интерсот беше кој ќе е кандидат за градоначалник, сега фокусот е кој ќе биде носител на листата и добитните места, кај секоја партии таа бројка е различна, зависи кој колку смета дека гласови ќе освои, иако и на левата и на десната страна добитните бројки велат дека се високи.
А што вели роковникот на ДИК за канидатските листи.
Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ОИК најдоцна на 13 септември, до 24:00 часот- 35 дена пред денот на одржување на изборите.
ОИК проверува дали кандидатите за градоначалник ги исполнуваат условите предвидени во Изборниот законик, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции.
ОИК врши проверка на листите веднаш односно најдоцна во рок од 24 часа од приемот на листата.
Ако ОИК утврди дека листата е поднесена во определениот рок и е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, поднесената листа ќе ја потврди со решение веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.












