Жителите на село Живојно денеска немаат струја и тоа во периодот од 8.00 – 15.00 часот, но и подоцна. Тоа се должи на работите што ги спроведива електродистрибуција и се работи за планиран прекин – се работи на реконструкција, реновирање на 10 киловолтен далекувод заради што до крајот на оваа недела различни делови од општина Битола,. Новаци и Могила ќе имаат прекини на снабдувањето со електрична енергија – информираат од електродистрибуција.
До 14 часот без електрична енергија ќе бидат и жителите на улица Ужичка. Се работи за интервенции за реконструирање и одржување на електродистрибутивната мрежа , оттука и точното времетраење на прекинот.
Веќе од 27 овој месец ќе се продолжи на електкро-дистрибутивната делница Породин Граешница, па без струја од 8 до 14 часот е предвидено да бидат селата Драгош, Кишава, Граешница и Лажец. На 27 овој месец прекин на електрична енергија ќе има и во центарот на градот – струја нема да имаат трафиките на градското шеталиште, спортската сала, зградата на битолоскиот музеј. Во овој дел од градот се работи на планирана, редовна интервенција на среднонапонската мрежа. Истиот ден во истото време – од 8 до 14 струја нема да има и во селата Растојца, Дивјаци, Пуста Река, Кочишта и Арилево.
На 29 пак , прекин ќе има долж линијата Битола – Демир Хисар, во манастирот во Журче, селата Сопотница, на фармата во Слепче и фармата во Белче, Лесково со манастирите, Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Вардино.
Реконструкцијата на електродистрибутивната мрежа трае подолго време, реагираат жителите на Живојно, во желба да се забрзаат работите , а во пресрет на есенските и зимски месеци. Електродистрибуција на својата интернет страна пишува „Планираните прекини се реализираат согласно однапред утврдени планови за реконструкција и модернизирање на мрежата, но можни се отстапувања од предвидените временски рамки во зависност од сложеноста на зафатот и условите на терен. “











