ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА УЛ.СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС

Од ЈП Водовод од Битола информираат дека нивни екипи работат на ул. Смилевски конгрес за нормализирање на водоснабдување во овој дел од градот.

Заради тоа во текот на утрешниот ден 01.07.2022 (петок) ќе се прави промена на овален затворач Ф-150.

Прекинот во водоснабдувањето поради активностите околу промената, ќе трае од 08:30 до завршување со интервенцијата.

Со овој зафат се очекува непрекинато и поквалитетно водоснабдување за нашите корисници, се вели во соопштението од ЈП Водовод.