ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕМИЕРА НА „ДОН ЖУАН“ НА АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ ВО БУДИМПЕШТА

Пред речиси четири векови, во 1630 година, за прв пат се појави Дон Жуан. Шпанскиот драматург Тирсо де Молина споил две познати наративи кои се шират како легенда во неговата земја: девицата на освојувањата на бескрупулозната заводничка и приказната за одмаздата на невино искасапениот херој кој се враќа од својот гроб како камена статуа. Овој драматичен материјал ја најде својата конечна форма во Моцартовиот Дон Џовани, претставен во 1787 година, како триумф на „сензуалниот гениј“.

Познатиот македонски театарски и филмски режисер Александар Поповски кој успешно создава театарска магија и надвор од границите на нашата држава, најде инспирација токму во Молиеровото дело да го постави на сцената на Националниот театар на Унгарија во Будимпешта, а чија премиера се одржа на 8 ми февруари. Во претставата учествуваат уште двајца Македонци и тоа костимографката Миа Поповска и композиторот Марјан Неќак.

„Лицемерието е модерен грев, и како и сите модерни гревови, се смета за доблест“, вели Александар Поповски, кој токму на оваа сцена во Будимпешта пред две години го постави делото на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“.

Ова не е прв пат Поповски да го поставува ова Молиерово дело на сцена, имено во 2005 -та го постави на сцената на Драмскиот театар Скопје. Главната улога, во најновата претстава ликот на Дон Жуан,  ја толкува актерот Рибед Роланд .

Позади Александар Поповски стојат бројни претстави како „Метаморфози“, „Хамлет“, „Гробница за Борис Давидович“, „Доплер“, „Градители на империјата или Шмурц“, „Три сестри“, „Брод за кукли“и многу други. Оваа година во Будимпешта се одржува Меѓународната театарската олимпијада па така и најновата претстава на Поповски ќе биде дел од тој голем театарски настан.

Фотографии: Национален театар на Унгарија.