Претпладнево колони возила на улицата „Филип Втори Македонски“ или поранешната „Иван Милутиновиќ“. Сообраќајот се одиваше само во една насока, односно од Белачешма кога се движите кон кружниот тек на Дулие. Од спротивната страна немаше сообраќај, а беше пренасочен кон улицата „Прилепска“.

И автобусите кои сообраќаат на оваа релација во правец кон Белачешма, преку кружниот тек биле пренасочувани кон „Прилепска“. Забележително беше дека голем дел возила се пренасочуваат таму, па од „Прилепска“ преку улицата која излегува на „Флип Втори Македонски“ продолжуваа кон Белачешма, односно центарот на градот.

Неодамна информиравме за една вечерна гужва кога се изведуваше приклучна лента која води до новопроектираната улица за пристап до тамошниот трговскиот центар, каде се изведува промена на времениот режим на кружниот тек на Дулие.
На повеќе локации во градот има градежни зафати веќе со месеци, што пак е причина за бројни промени во режимот на сообраќај. Нервозите кај учесниците во сообраќајот се присутни, а оние кои ги прават зафатите се повикуваат на исполнувањето на реализација на ветените проетки.












