Во деновите кога ќе добијат заканувачка порака за поставена бомба во нивниот објект, училиштата да организираат онлајн настава, односно учење на далечина, наместо целосно да ја прекинуваат наставата тој ден.
Ова, како што пишуваат медиумите е една од препораките кои Министерството за образование и наука (МОН) ги испратило до директорите на основните и средните училишта во земјава кои изминативе месеци во континуитет добиваат лажни дојави за поставени бомби во нивните објекти, што освен паника кај учениците и професорите, доведува и до прекин на наставата.
Во дописот кој МОН го испратил до основните и средните училишта биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.












