Со полагање на светиот крст во водите на Кривенското езеро утре, на 19 јануари со почеток од 10:30 часот, Преспа ќе го чествува големиот празник Богојавление-Водици.
Во духот на традицијата и заедништвото, за сите верници коишто ќе скокаат по светиот крст организаторите подготвија пригодни подароци-маици и икони.
Празникот Богојавление се нарекува уште и Водици заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.
Според верувањата со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.












