ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 16 СТЕПЕНИ

Утринава 2 Берово, 3 Попова Шапка, 5 Крива Паланка, Струмица, 6 Лазарополе, 7 Маврови Анови, Крушево, 8 Виница, Гевгелија, 9 Претор, 10 Прилеп, Тетово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, 11 Охрид, Куманово, 12 Битола, Демир Капија.   

Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Утрово е умерено, а во западните делови значително облачно. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето денеска претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Во Битола до 16 степени.