ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ТЕМПЕРАТУРАТА ДО 15 СТЕПЕНИ

Утрово -1 степен на Попова Шапка, Лазарополе, Маврови Анови, 0 Претор, Битола, 1 Берово, 2 Крушево, Прилеп, Охрид, 3 Скопје-Петровец, Куманово, Крива Паланка, 4 Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица, Штип, 7 Демир Капија, 9 Гевгелија, 10 Дојран.  

Најмногу дожд 14 л/м2 наврна во Струмица, 12 Берово, 10 Дојран, 7 Крива Паланка,  6 Штип, 5 Пожаране, Претор, 4 Охрид, Попова Шапка, 3 Виница, Крушево, 2 Демир Капија, Прилеп, Тетово, 1 Скопје – Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово.

На крајниот исток во првиот дел од ноќта беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во Струмица имаше појава на невреме со интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Потоа се задржа умерено до значително облачно. Утринава преовладува умерено до значително облачно време. Дува слаб променлив ветер.

Времето денеска претежно облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени. Во Битола до 15 степени.