Обидите на Тера Телевизија за подетални информации за комплетното работење на ФК пелистер и денеска, два дена по неговото пишување на една од социјалните мрежи како ПР одговор на едно од советничките прашања на последнаа седница се изјаловија.
Претседателот на ФК Пелистер нема одговор на прашањата за големите пари потрошени во клубот.
Интересот на ТЕРА се темели на неколку важни поставки: медиумите имаат задача да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана. Во моментов клубот се бори за опстанок во прва лига, па медиумскиот интерес не е само заради спортскиот успех, туку и заради правилникот на општина Битола – сопственик на клубот според кој се финансира од јавни пари само доколку има конкретни успеси. Па така едно од прашањата што бара мислење е „Дали половина милион евра јавни средства годишно треба да резултираат со тим кој се бори за опстанок?“
Во телефонски разговор од претседателот на УО на клубот, Александар Стефановски побаравме конкретни одговори за поконцизно објаснување на работата на клубот што го предводи. Рече да напишеме дека не сака да разговара со Тв ТЕРА и дека стои на соопштнието дадено по социјални мрежи.
Оттука, неодговорени остануваат следните прашања:
1.Кои се компаниите што го финансираат клубот и со колкави поединечни суми учествуваат?
2.Колку чинеле зимските подготовки во Анталија?
3.Колкав буџет бил издвоен за одбележувањето на 80-годишнината на клубот?
- Колку чинело гостувањето на Динамо Букурешт во Битола?
- Колкави се тековните трошоци за организација на натпревари и функционирање на првиот тим?
- Колку средства од буџетот на клубот се издвојуваат за младинските школи?
- Во школата според наши извори тренираат околу 500-600 деца.
Колкава е членарината што ја плаќаат децата во школата и за што се користат тие средства?
- Дали е вистина дека и поранешниот тренер Димитар Капинковски сè уште е на платен список, бидејќи има важечки договор со клубот до крајот на сезоната?
- Колку функционери има на платен список, покрај тренерите и играчите?
Дали е точно дека клубот плаќа двајца координатори, иако во повеќето клубови постои само еден координатор?
- Дали е вистина дека поранешен фудбалер е ангажиран како скаут во екипата и каков е неговиот конкретен фидбек или придонес?
11.Дали е точно дека децата во клубот сами си ја плаќаат опремата (дресови, тренерки и сл.)?
- Како прв човек на клубот дали е реално со буџет од милион и пол евра клубот да биде на дното на табелата и да се борите за опстанок во лигата?
Но, почитувани гледачи, и покрај обидите во изминатите неколку месеци да се добијат појаснувања, затоа што се работи за јавни, пари од граѓаните и клуб сопственост на градот, претседателот и одговорните во клубот сеуште не даваат јасен одговор каде и како се троѓат народните пари.












