ТЕРА

REKLAMA???

ПРИВАТНИ БОЛНИЦИ КУПУВАЛЕ ОПРЕМА СО НЕЗАКОНСКИ ДОБИЕНИ СРЕТСТВА

Ревизија открива злоупотреби во финансирањето на фантомски проекти и медицинска опрема за приватни здравствени установи!

Шеесет домашни градежни, ИТ и други компании незаконски добивале средства од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), покажале првичните резултати на ревизијата која сè уште трае. Исто така, откриени се злоупотреби од 50 приватни здравствени установи, кои во најчувствителниот период на ковид кризата купувале скапа медицинска опрема.

Според директорот на ФИТР, Никола Додов, овие компании за фантомски проекти во изминатите пет години го оштетиле буџетот на Фондот за 3,2 милиони евра. По завршувањето на правните постапки, парите ќе се враќаат преку овластен извршител, а досега се враќени околу 600 илјади евра. Додов истакна дека, според Законот за трговски друштва, ФИТР смее да финансира само старт-ап компании, а не приватни компании.

Новото раководство на ФИТР, заедно со правниот тим, подготвува кривични пријави за констатираните злоупотреби. Додов не сакаше да ги открие имињата на злоупотребувачите, но нагласи дека се работи за компании од различни сектори, вклучувајќи градежништво и здравство.

„Приватните здравствени установи си набавиле најсовремени апарати, додека државните болници кубуреа со медицинска опрема,“ рече Додов, додавајќи дека злоупотребите почнале од 2018 година.

Исто така, откриено е дека средства за иновации биле исплаќани за исти или идентични проекти, што е незаконски. Поранешниот директор на ФИТР потпишал противзаконски договор, што повлекува етички и правни последици. Има индикации дека одлуките биле донесени врз основа на политички договори, а не во согласност со законските процедури.

Додов истакна и дека во ФИТР затекнал само 8 редовно вработени, додека 40 лица имале договор на дело, но не доаѓале на работа.

На крајот, Додов спомена дека ревизијата открила два најиновативни града во Македонија, но не ги откри имињата. Тие градови имале најголем број на поднесени проекти по глава на жител и значителен процент на одобрени средства од Фондот.

„Овие градови не само што се „лидери” во своите области и иновациите, туку исто така „забележуваат” најголем процент на доделени финансиски средства по глава на жител од Фондот. Очигледно, ова е сигнал за „значајна” поддршка за иновации и развој на овие две локалните економии. Или можеби, само мудро распределување на средства по некои, не толку тајни, пријателски линии. Во интерес на истрагата не би ги открил нивните имиња, само ќе кажам дека од 50 договори за одобрени средства за проекти, дури 40 биле за овие два града “– поентираше Додов.