ТЕРА

REKLAMA???

ПРИСТАПНА РАМПА И РАБОТИЛНИЦА НА ТРЕТИОТ ДЕН ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 18 МАЈ

Националната установа „Завод и Музеј“ и денеска на најмладите им ги принесува артефактите кои говорат за минатото и организираниот живот на ова тло. Во Магазат се реализира втората работилница од проектот „Ние во Музеј“. Но, уште една важна работа денеска доаѓа како вест оттаму – Магазата доби пристапна рампа.

Билјана  и Благој се првите кои денеска без ничија помош и непријатности влегоа во Магазата.  Местото изградно во 19 век денес е галерија, место за концерти, изложби, поетски читања.  Сите  лица со одредени помагала, членови на здружението за телесни инвалиди „Мобилност“, сите лица со ортопедски помагала, досега ги следеа настаните  оддалеку, можеби гледајќи низ кованите железни решетки.

Директорот на Установата , Зоран Николовски вели, пристапната рампа претставува долго планирана активност и, се по закон.

Денешниот ден од одбележувањето на 18 мај, меѓународниот ден на музеите во внатрешноста на многувековниот објект беше предвиден за работилница за најмлади и повозрасни.

До крајот на денот во работилницата се приклучија и учениците од специјалната паралелна Таки Даскало, кои на сите музејски рабоитници им напишаа честитки за 18 мај.