За едно од двете приведени и осомничени лица за убиството кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е определен притвор од 30 дена, информира МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот фејсбук профил објави дека убиството кај Мавровка е целосно расчистено. Со брзата реакција на специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови беше фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К од Скопје. Биле извршени и разговори со сведоци како и претреси во домови на неколку локации, прегледани видое записи каде има обезебедено матријални докази од возила, и одзмени пиштоли и чаури. Според јавното обвинтелство убиството било сторено на Васил Е било со умисла од користољубие. Откако го убил Васил од неговата сопруга ја одзел торбата со таблет и избегал со возила ауди без регистерски таблички. Веднаш по убиството, пристигнало и второ возило Цитроен со белгиски регистарски ознаки од каде излегло засега непознато лице и од багажникот одзело гајба со рачен алат и избегалов о Гази Баба каде го оставил цитороенот и се качил во аудито. Во Чаир биле пресретнати од полиција кон која почнале да пукаат, полициските службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки истрели и го привеле првоосмничениот. Другото лице се дало во бегство и по него се трага.
МИА/фото МВР












