ТЕРА

REKLAMA???

ПРОБИВАЊЕ НА ПОЛСКИ ПАТИШТА ВО СЕЛА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Општина Новаци, како рурална општина во срцето на Пелагонија, континуирано вложува во санирање и пробивање на полските патишта со цел да обезбеди подобар пристап до земјоделските површини и да го олесни секојдневниот живот на своите жители, вели градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

Како што информира градоначалникот, деновиве оваа активност се спроведуваше во селата Живојно, Гермијан и Бач.

„На овај начин, Општина Новаци демонстрира посветеност кон подобрување на условите за живот и работа на своите жители, особено земјоделците. Санацијата и пробивањето на полските патишта не само што го олеснуваат пристапот до земјоделските површини, туку и придонесуваат за развој на руралниот туризам и економскиот напредок на општината“ вели Стевановски.