ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДАНОСКИ Е КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВМРО ДПМНЕ ВО ПРИЛЕП

Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници:

Сопиште – Јане Мицевски, Кичево – Александар Јовановски, Крива Паланка – Оливер Алексовски,  Маврово Ростуше – Онер Јакуповски,  Кривогаштани – Сашо Граорковски,  Шуто Оризари – Ерџан Демир, Крушево- Нико Чонески, Валандово – Ѓоко Камчев, Виница – Митко Костадиновски, Демир Хисар- Никола Најдовски, Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов, Радовиш – Љупчо Почивалец, Чашка – Дејан Андоновски,  Прилеп – Дејан Проданоски, Струмица -Петар Јанков  и Неготино- Марија Нацева.

Како што соопшти генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложни од коалициската партија ЗНАМ.

„Убедени сме во способноста на секој еден избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите области и сектори на работа. Секој еден кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа, и важат за искрени, чесни и работливи луѓе. Луѓе кои си го одржуваат дадениот збор, и кои ќе бидат вистински татковци на градот. Изминатава година граѓаните ги почувствуваа придобивките од новиот пристап на работата. Се помогнаа општините со 250 милиони евра, со кои се решија децениски проблеми со кои се соочуваа нашите граѓани. И тука не запираме, продолжуваме и повторно со нови проекти. Кандидатите за градоначалници имаат навистина одлична можност, да го продолжат вистинскиот пат кој ние го започнавме и го водиме овие 4 години како локална и 1 година како централна власт. ИК на ВМРО-ДПМНЕ врз база на внатрепартиски анализи и сондажи заклучи дека партијата оди на уште една историска победа на претстојните локални избори. На претстојните избори не очекува голема победа, а потоа многу работа и посветеност за секое место“ рече Сајкоски.

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски е актуелен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО ДПМНЕ, а претходно беше претседател на Советот на Општина Прилеп.

Инаку актуелен градоначалник на Прилеп е Борче Јовчески од ВМРО ДПМНЕ.