Oпштина Битола ги продолжи роковите за пријавување кандидати за обука на негуватели за помош и нега во домот на стари лица и кандидати за обука на лични асистенти за лица со попреченост.
Од 7 април до 17 април течат продолжените рокови за кандидати за обука на двата јавни повици кои се однесуваат на обука, да се биде личен асистент: – на лица со попреченост и вториот за помош и нега во домот на стари лица.
За огласот за обука на лични асистенти за лица со попреченост, заинтересираните треба да ја посетата обуката за да се стекнат со верификуван сертификат, а за тоа е потребно да се исполнат следните услови:
- Да се државјани на Македонија
- Да имаат најмалку 18 години
- Да поседуваат општа психофизичка способност за работа
- Да имаат завршено минимум средно образование
- Да бидат мотивирано за работа со лица со тешка и најтешка телесна попреченост, лица со комбинирана попреченост и слепи лица.

За огласот за помош и нега во домот на стари лица заинтересираните треба да ги исполнуваат условите:
-да се државјани на Македонија
-да имаат најмалку 18 години
-да поседуваат општа психофизичка способност за работа
-да имаат завршено минимум основно образование
– да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица
И за двата огласи заинтересираните треба до општината да поднесат барање за учество во обуката и копија од важечки документ за идентификација, а документите да се достават во просториите на Општината.
И двата огласи беа објавени кон крајот на март, 23 односно 24 март, а сега крајниот рок за поднесување на барањата е 17 април.












