Како што веќе информиравме на онколошкото одделение во Клиничката болница во Битола доаѓаат специјалисти од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје, кои тука веќе вршат прегледи за пациетните од овој регион.
Од Клиничката болница Битола информираат дека овој петок на 18.07 2025 година прегледите ќе ги врши Д-р Симонида Црвенкова, а следниот петок на 25.07.2025 година прегледи ќе врши д-р Ленче Костадинова.
Ова е врз основа на добиената согласност од министерот за здравство за соработка помеѓу Клиничката болница-Битола и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје со која се овозможува лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да вршат прегледи во онколошкото одделние во Клиничката болница во Битола, за пациентите да не мора да патуваат до Скопје.












