Утрово 9 степени во Берово, 10 Лазарополе, 11 Попова Шапка, 12 Крива Паланка, Битола, 13 Охрид, Струмица, Маврови Анови, 14 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп, Куманово, Крушево, 15 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Гевгелија, Дебар, 16 Кавадарци, Виница, 18 Демир Капија.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно. Наместа дуваше слаб ветер од променлив правец.
Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Битола до 25 степени.












