ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 10 СТЕПЕНИ

Утрово -8 степени на Попова Шапка, -6 Маврови Анови, -5 Крушево, -1 Берово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Дебар, 0 Крива Паланка, Виница, 1 Тетово, Штип, Струмица, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Дојран, 3 Скопје-Петровец, 4 Гевгелија.  

Најмногу дожд 6 л/м2 наврнаа во Битола, Демир Капија, 4 Берово, Дојран, 2 Крива Паланка, Тополчани, Виница, 1 Прилеп, Гевгелија, Ѓуриште.

Во текот на ноќта времето беше облачно со слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од слаб снег. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово е променливо облачно.

Времето денеска променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Битола до 10 степени.