ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 14 СТЕПЕНИ

Утрово 0 степени на Попова Шапка, 1 Лазарополе, 2 Маврови Анови, Крушево, 4 Претор, 5 Охрид, 6 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Берово, 7 Тетово, Виница, Струмица, Гевгелија, Куманово, Дебар, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Дојран, 9 Демир Капија.

Најмногу дожд 21 л/м2 наврнаа во Скопје-Петровец, 20 Ѓуриште, 19 Крушево, 18 Маврови Анови, Прилеп, 16 Пожаране, 17 Куманово, 13 Скопје-Зајчев Рид, Тополчани, 12 Крива Паланка, Охрид, Попова Шапка, 10 Тетово, Штип, 9 Лазарополе, 8 Дебар, 7 Виница, 6 Претор, Битола, 5 Берово, 4 Струмица, Демир Капија, 2 Гевгелија, Дојран.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, на места пообилни. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утрово слаб локален дожд има во Скопската Котлина, централните и источните делови.

Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. Во Битола до 14 степени.