ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, НАМЕСТА СО ДОЖД

Утрово -1 степен на  Попова Шапка, Лазарополе, 1 Маврови Анови, 2 Берово, 3 Крушево, Битола, 4 Крива Паланка, Претор, Охрид, 5 Прилеп, 6 Тетово, Виница, Штип, 7 Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 8 Скопје-Петровец, Демир Капија.

Времето денеска променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 л/м²).

Во попладневните и ноќтите часови на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ќе се задржи и преку ноќта.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. Во Битола до 9 степени.