Променливо облачно време, попладне со дожд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, на планините од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови.

И во првите два дена од следната недела ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Во вторник ќе има услови за појава на грмежи. Дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 5 до 12 степени.. Потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура.

Share.