ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Утрово 2 степена на Попова Шапка, 5 Берово, Маврови Анови, 6 Тетово, 7 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Крушево, 8 Струмица, Куманово, Крива Паланка, 9 Прилеп, Гевгелија, 10 Битола, Дојран, Претор, 11 Охрид, 12 Виница, 13 Штип, Демир Капија.

Во текот на ноќта времето беше променливо, а утрово е претежно облачно. Дува слаб до умерен, а на места во западните делови и долж Повардарието засилен јужен ветер. Во западните делови има врнежи од дожд.

Денеска променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола до 16 степени.