ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ

Утрово -2 степена на Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, 2 Крушево, 3 Охрид, 4 Берово, Дебар, Претор, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Битола, Прилеп, Виница, 6 Скопје-Петровец, 8 Струмица, 9 Демир Капија, Штип, 10 Гевгелија, Дојран.  

Најмногу дожд 18 л/м2 наврнаа во Дебар, 14 Охрид, Маврови Анови, 13 Лазарополе, 10 Претор, 8 Крушево, Берово, 7 Битола, Прилеп, 6 Пожаране, Тополчани, 5 Куманово, 4 Скопје – Зајчев Рид, Виница, Крива Паланка, 3 Скопје – Петровец, Штип, Ѓуриште, 2 Тетово, 1 Демир Капија, Попова Шапка.

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно со врнежи од дожд. На места, особено во источните делови беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер (со брзина над 60 км/час). Утрово е променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. Во Битола до 15 степени.