ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ

За изминатите 24 часа до 8 часот изутрина (во л/м2) најмногу дожд наврна 10 Крушево, 8 Дојран, 6 Пожаране, 4 Скопје-Зајчев Рид, 3 Тетово, Попова Шапка, 2 Маврово, Струмица, Берово, 1 Крива Паланка, Битола, Ѓуриште, Гевгелија.

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Времето денеска прoменливо облачно, на места нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи, а попладне локално се можни пообилни врнежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Битола до 23 степени.