ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Во теко на ноќта најмногу дожд наврна во Прилеп 24 л/м2, Берово, 18 Крушево, 13 Штип, 12 Крива Паланка, Виница, Ѓуриште,  8 Претор, 7 Попова Шапка, 6 Скопје-Зајчев Рид, Пожаране, 2 Маврови Анови, Лазарополе, 1 Тетово, Битола.

Во текот на ноќта преовладуваше умерено, наместа значително облачно време со локален слаб до умерен дожд и појава на грмежи. Утрово е сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Денеска променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. Во Битола до 32 степена.

УВ индексот 7.