Најмногу дожд 42 л/м2 наврнаа Радовиш Пожар, 40 Демир Капија, 35 Струмица, 34 Штип, Ѓуриште, 31 Попова Шапка, 25 Крива Паланка, Маврови Анови, 24 Гевгелија, Виница, Пожаране, 22 Берово, Лазарополе, 21 Крушево, 18 Скопје-Петровец, 17 Битола, Велес, Тетово, Кавадарци, Претор, 15 Тополчани, 12 Прилеп, Охрид.
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени. Во Битола до 16 степени.












