Променливо облачно и нестабилно време

0
359

Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните темпертаури од 24 до 33 степени. УВ= 7.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Птоа во првите два дена од следната недела времето ќе биде претежно стабилно и топло.