ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ

Утрово -6 степени на Попова Шапка, -4 Лазарополе, -3 Маврови Анови, Крушево, 1 Битола, Прилеп, Претор, Берово, 2 Охрид, Куманово, Крива Паланка, 3 Штип, Тетово, Дебар, Виница, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија, Дојран, 6 Гевгелија.

Најмногу дожд 28 л/м2 наврнаа во Охрид, 26 Тополчани, 25 Битола, 22 Крушево, 19 Дебар, 17 Лазарополе, 15 Маврови Анови, 11 Претор, Пожаране, 10 Прилеп, 6 Демир Капија, 5 Гевгелија, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Тетово, Куманово, Попова Шапка, 3 Берово, Дојран, 1 Штип, Виница.

До утрово најмногу снег 13 см во Крушево, 7 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 2 Попова Шапка, 1 Тополчани.

Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи имаше во југозападните делови. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Утрово е претежно облачно и ветровито со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Променливо облачно и постудено, на планините и на повисоките места локално ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени. Во Битола до 5 степени.