ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И СТУДЕНО СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Времето денеска променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.Во Битола со максимална дневна температура од 6 степени.

Во Битола во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнале 19 l/m2 дожд.

Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од утре до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула.