ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ОД ПОПЛАДНЕ И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Утрово 12 степени во Лазарополе, 13 Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 15 Тетово, Битола, Крушево, 16 Охрид, Претор, Прилеп, 17 Струмица, Дебар, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Кавадарци, 19 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 21 Гевгелија, 22 Демир Капија.

Во текот на ноќта од запад се прошири поголемо наоблачување, а на поголемите височини почна да дува умерен до повремено засилен претежно југоисточен ветер.

Денеска променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и особено во текот на ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд, повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне од 27 до 32 степена. Во Битола до 30 степени.