ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ

Утрово -3 степени во Берово, -2 Битола, Попова Шапка, -1 Скопје-Петровец, 0 Тетово, Крива Паланка, 1 Прилеп, Лазарополе, Штип, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврови Анови, Крушево, Претор, 4 Виница, Дојран, 5 Охрид, 6 Дебар.  

Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утрово е сончево со мала, а во западните делови умерена до значителна облачност.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени. Во Битола до 15 степени.