Во Битола во тек е 26-то издание на меѓународниот фестивал на Монодрама. Денеска беше промовирана монографијата по повод 25 години на овој фестивал.

Автори се Билјана Крајчевска и Сашо Димоски.

Меѓу присустните и оние кои беа и дел од овој фестивал во минатото, но и први луѓе на Центарот за култура кој е организатор на овој фестивал.

За Крајчевска да се работи на оваа монографија беше голем предизвик, заради значењето и на монодрамата како театарска форма и на самиот фестивал. Монографијата вели Крајчевска е поделена на неколку секции.

„Бидејќи, работејќи на монодрамата како еден спектакл кој што го вклучува поединецот како автор, како режисер, како перфомер, претставува и го опишува културниот идентитет и културното наследство што се случува во овој фестивал во моментов во Битола кој што е стар веќе 26-та година, меѓутоаа предизвикот беше да се соберат, да се сублимираат, да се разгледаат сите тие материјали“ вели авторката Билјана Крајчевска.

Димоски го прашавме што и за него значеше толку многу години да се соберат во оваа книга.
„Не само во Македонија, туку и во еден поширок контекст, интернационалниот фестивал на Монодрамата во Битола е со исклучително културолошко и културно значење, бидејќи е еден мост кој поврзува меридијани во еден значаен континуитет“ вели авторот Сашо Димоски.

Фестивалот продоложува и со натпреварувачкиот дел и со офф програмата, а на 23 мај ќе бидат прогласени најдобрите.












